Од Чикаго

На Фејсбук нови „бомби“, наводно за ДУИ, Мијалков, Јанкулоска

На Фејсбук на профилот Ел Чека (El Cheka) денеска се појавија нови аудиоснимки од прислушувани разговори на високи македонски функционери. На една од тие бомби се слуша наводен разговор меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска за поранешниот министер за правда Блерим Беџети. Другите, наводно, се снимки на разговори меѓу високи функционери на ДУИ, Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани...

И обвинителството и Специјалното јавно обвинителство досега неколку пати реагираа на овие нови случаи на објавување досега необјавени прислушувани разговори, со ветување дека ќе се преземат мерки, но досега такво нешто не се случи.

На фејсбук-профилот на Ел Чека, наводно од Чикаго, се најавува дека ова е само почеток и дека наскоро ќе бидат објавени и нови „бомби“. Според сопственикот на профилот, снимките биле добиени од лица од кумановската група, учесници во настаните од пред четири години во Диво Насеље во Куманово.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе