Студентите утре им се враќаат на предавањата

На факултетите ќе продолжи алтернативната програма и настава

Студентскиот пленум одлучи да ја прекине окупацијата на факултетите, која траеше 15 дена, соопшти Пленумот на прес - конференција. Од утре студентите се враќаат на редовната настава, но остануваат транспарентите и алтернативната настава, која очигледно, недостасуваше, како симбол на извојуваната автономна зона.

Пленумот нагласува дека власта попушти пред барањата на студентите, што е потврда дека борбата беше оправдана, исто како и барањата за квалитетен закон за високо образование.

- За надворешно тестирање разговаравме на средбата и ни беше ветено дека нема да има такво нешто. Во тие работни групи ќе учествуваме и ние, и професорскиот пленум, и сенаторите чиј што заеднички став е дека нема да прифатиме никаква форма на надворешно тестирање односно нема да направиме никаква одредба којашто ќе регулира каков било вид на надворешно тестирање, изјави Стефан Видиков од Студентскиот пленум.

Од Пленумот очекуваат на предлог текстот на сосема новиот закон да се работи од 6 до 8 месеци и претставници на Пленумот активно да бидат вклучени во неговото изготвување.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе