За учеството на Македонија на Европското првенство во фудбал

На дресовите наместо МКД да стои НМ или РНМ, побарал Дендиас во писмо до Османи

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, по повод учеството на Северна Македонија на Европското фудбалско првенство, испратил писмо до неговиот колега Бујар Османи, во кое бара целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, но и употреба на кратенката „НМ" или „РНМ" наместо „МКД”, брифираат грчки дипломатски извори, јавува МИА од Атина.

Дендиас, како што велат дипломатските извори, во дописот пишува дека иако во Договорот, како што е предвидено во член 1, параграф 3, точка е, кодот за името Северна Македонија во Меѓународната организација на стандардизација (ИСО), останува „МКД”, „употребата на конкретниот акроним на ЕУРО 2020 не може да биде прифатен од Грција”.

Истите извори додаваат дека во рамките на меѓународната практика на целосното имплементирање на договорот, како и обидите за одржување на позитивна динамика во билатералните односи, „Северна Македонија мора да користи акроним што одговара на нејзиното име, како што е ‘NM’ (North Macedonia) или алтернативно ‘RNM’ (Republic of North Macedonia)”.

Дополнително, во писмото Дендиас истакнал дека треба да се реши и прашањето со промена на името на Фудбалската федерација, но и побарал Османи да интервенира за решавање на овие прашања во рамките на добрососедските односи. 

Османи на вчерашната прес-конференција веќе објасни дека логото и кратенката на името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кое стои на националниот дрес со кој македонските фудбалери ќе настапат на ЕП не е во спротивност со Преспанскиот договор.

Тој на прес конференцијата во МНР реагира на вчерашната реакција на официјална Атина до УЕФА. Грчкиот министер за спорт Левтерис Автенакис во писмо до претседателот на УЕФА Александар Чеферин побара во петокот да биде отстранет амблемот со кратенката ФФМ од македонскиот фудбалски дрес.

„Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение, и како такво не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И сè додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да се приспособи според Преспанскиот договор. Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои прашуваат зошто не е НМК, но тој код е дефиниран само за регистарските таблички, според Преспанскиот договор“, рече Османи.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе