На домашните компании за учество на тендери на Алијансата ќе им помага НАТО Центар за поддршка

Преку НАТО Центар за поддршка на домашните компании што од денеска ќе функционира во Министерството за одбрана, фирми од земјава ќе може да учествуваат на тендери за потребите на Северноатлантската алијанса, кои на годишно ниво изнесуваат 5 милијарди евра.

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и заменик-министерот за финасиии Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Министерството за одбрана истакнаа дека преку центарот компаниите имаат можност да учествуваат во постапките за набавките на НАТО и земјите членки.

„Членството во НАТО ни овозможи сигурност на безбедносен план, но носи и големи придобивки за економијата. Компаниите можат да аплицираат и да заработат од вкупниот буџет од 5 милијарди евра. Нашите компании се рамноправни со другите фирми од земјите членки на НАТО и пред нив има огромни можности за заработка”, рече Заев.

НАТО Центарот за поддршка ќе биде точка од која компаниите ќе ги добиваат сите информации за учество на тендерите. Тој, како што наведе Заев, нема да биде само бирокаратска алатка ,туку алатка која ќе им помага на фирмите.

„Компаниите имаат можност да станат деловен партнер на Алијансата, за што ќе добиваат сеопфатна поддршка. Државата ќе помага, но најмногу ќе зависи од подготвеноста на компаниите да се прилагодат и да учествуваат во тендерите на НАТО. Секој добиен тендер не е само поголем профит и сериозна референца за компаниите, туку и плус приход за нив и придонес за развој на државата”, ијави тој. 

Според Заев, Истакна дека имаме квалитет и цени со кои сме конкурентни, а се отвора можност и за ИТ-компаниите.

Шекеринска, пак, порача дека во НАТО центарот домашните компании ќе имаат поддршка, не само административна, туку и за успешно аплицирање на тендери и поврзување со светските гиганти кои веќе имаат договори со НАТО-агенциите, а имаат потреба и од добавувачи.

Таа информираше дека веќе има и заинтересирани компании кои сакаат да ја почнат процедурата за учество во НАТО тендери.

„Нашата поддршка ќе биде сеопфатна и суштинска, и затоа ги охрабрувам домашните компании да се впишат во евиденцијата на економски оператори и да се здобијат со потврда којашто ќе ја издава Министерството за одбрана за исполнетоста на условите за учество во постапките на НАТО тендери. Сите информации можат да ги добијат на веб-страницата на МО, а ќе се настојува процедурата да биде наједноставна и најбрза”, рече Шекеринска.

Според неа, членството на НАТО треба да се искористи не само како поттик и зголемување на нашата безбедност, туку и како дополнителна шанса за економијата.

Заменик министерот за финансии Ковачевски најави дека ќе има интензивна соработка со стопанските комори и со компаниите на кои им стојат на располагање да им помогнат да се вклучат во тендерските постапки на НАТО, вредни пет милијарди евра на годишно ниво.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе