По повод 24 Јуни

Одбележан Денот на балканските Египќани и во Македонија и во Косово

По повод 24 Јуни, денот на балканските Египќани, делегација на оваа етничка заедница, на чело со пратеникот Рубин Земон, беше примена кај претседателот Стево Пендаровски.

На средбата беше разговарано за тоа дека заедницата на балканските Египќани е нераскинлив дел од македонското општество и затоа треба да се направи напор за унапредување на степенот на права кои ги уживаат претставниците на заедницата на балканските Египќани.

 24 Јуни е денот кога се одбележува Меѓународниот ден на балканските Египќани, со што се потсетува на повеќедецениската борба за подобар и подостоинсвен живот на припадниците на оваа заедница.

На вториот конгрес на Сојузот на балканските Египќани одржан во 2010-та година во Струга, донесена е одлука 24 јуни да се одбележува како Меѓународен ден на балканските Египќани. На овој ден во 1990 година во Охрид, е одржано првото Собрание на една општествено-политичка организација на Балканот, која се заложи за сочување на етничкиот идентитет и заштитата на правата на оваа заедница.

Граѓанските организации кои ги застапуваат балканските Египќани постојат повеќе од 20 години и посветено работат во промовирање на културните вредности на заедницата на балканските Египќани, каде преку активностите кои ги реализираат имаат за цел да креираат мост меѓу институциите и заедницата на балканските Египќани. А од друга страна ги обединуваат младите Египќани од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Дебар, Струмица и другите делови на Македонија и им нудат можности за неформално образование, личен развој, учество во јавниот живот и процесите на донесување на одлуки. 

 

Денеска премиерот на Владата на Република Косово Рамуш Харадинај исто така прими делегација на избрани претставници на Египќаните од Балканот. Владата на Република Косово минатата седмица донесе одлука Денот на балканските Египќани 24 Јуни, да се прогласи за Меморијален ден во Република Косово. Кабинетот на премиерот на Косово излезе со соопштение дека премиерот истакнал  оваа заедница е дел од нашиот живот и нашата земја, и со право го уживаат и овој датум.

Во Собранието на Република Косово, Комисијата за човекови права одржа јавна дебата за положбата на жените припаднички на заедницата на Египќаните во Косово, со цел да се согледаат мерките за намалување на дискиминацијата и општествена исклученост на жените од оваа заедница.

Преку соопштение и македонската Влада по повод 24 Јуни, Денот на балканските Египќани испрати честитка вокоја се вели дека „Египќаните во Северна Македонија се дел од богатата историска и културна традиција, кои и денес активно придонесуваат во демократските процеси, достигнувањата и развојот на државата. Од оваа година во Собранието на Република Северна Македонија, за прв пат во историјата има и пратеник припадник на оваа заедница, што најсликовито говори дека во нашата држава секој граѓанин, припадник на која било заедница, има можности по демократски пат да учествува во јавните политики и во процесот на донесувањето на одлуките“.

И опозициската ВМРО-ДПМНЕ за првпат годинава излезе со честитка за Денот на балканските Египќани. Како што се вели во соопштението, претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски вели дека „Египќаните се составен дел од македонското општество со векови и се дел од нашата култура и традиција. Тие секогаш биле кохезивен фактор и се залагале за просперитетно општество. Во овие турбулентни момент за Македонија, со изразито иселување, сиромаштија и криминал и корупција на сите полиња, потребно е единство и желба за проспeритет. Иднината ќе биде сигурна само доколку имаме ефикасна правна држава се избориме за обнова и економски слободи за сите. Благостојбата на државата е од значење за сите, затоа да се обединиме и кон создавање подобра иднина, за сите и заедничка обнова“.

Овогодишното одбележување на Денот на балканските Египќани, покажа дека Египќаните полека се препознаваат од државните институции и дека тие сѐ повеќе се интегрираат во јавниот живот во балкаските држави.

Само како показател, за првпат во историјата оваа година балканските Египќани имаат тројца парламентарци - во Македонија, Косово и Албанија.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе