На денешен ден пред 76 години била утврдена македонската азбука со 31 буква

На 3 мај 1945 година, Народната влада на Федеративна Македонија донесе решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Министерскиот совет на НР Македонија, по повеќемесечна работа на неколку комисии, врз основа на Резолуцијата на последната Комисија за јазик и правопис при Министерството за народна просвета македонската азбука е заснована врз фонетскиот принцип, што значи за секој одделен глас во јазикот има буква во азбуката.

Комисијата за јазик и правопис е формирана од Президиумот на АСНОМ во ноември 1944 година со цел да поднесе предлог за азбука и правопис на македонскиот јазик. Но, првата комисија не ги оформила целосно своите ставови, па, со извесни измени во составот на комисијата, прашањето за азбуката и правописот е решено шест месеци подоцна, на 3 мај 1945 година.

Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Притоа биле поставени следниве принципи:

Во македонскиот литературен јазик треба да се установат оние форми од централните говори што во најголем степен ќе ги поврзат сите наши говори и ќе бидат лесно приемливи за луѓето од сите наши краишта.

Во македонскиот литературен јазик треба до најголем степен да се изрази неговата народна основа. Речникот на литературниот јазик да се обогатува со зборови од сите наши дијалекти, да се изградуваат нови зборови со живи наставки и само колку што е потребно да се усвојуваат и туѓи заменки.

Македонската азбука да биде составена од толку букви колку што има гласови во литературниот јазик. Правописот да се изработи врз фонетскиот принцип.

Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги формулира своите ставови во Резолуција, донесена на 3 мај 1945 година.

Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104 од 4, 5, 6 и 7 мај 1945 година.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе