Свеченост во касарната „Илинден“

На Армијата ѝ се приклучија 200 професионални војници

Во редовите на македонската Армија денеска се приклучија уште 200 професионални војници, на кои на свечен настан добредојде им посака министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа најави дека во првите шест месеци од идната година во Армијата ќе бидат примени уште 250 војници, а дека 120 ќе се здобијат со подофицерски чин.

На свеченоста во касарната „Илинден" во Скопје Шекеринска рече дека најважната инвестиција во Армијата е човечкиот потенцијал.

„Вашиот денешен ден е почеток на интересно и возбудливо патување како армиски професионалци. Ќе ги осознаете вашите граници, ќе ја тестирате вашата цврстина, трпеливост, знаење, волја. Ќе сфатите дека да се биде во Армијата не е само професија, туку и начин на живот. Униформата ќе ве направени дополнително почитувани и дома и во заедницата. Затоа носете ја гордост и со чест. Војската не е институција во која се прави разлика на етничка, верска или каква било припадност, туку овде сѐ функционира по принципот „сите за еден и еден за сите", им порача на новите војници министерката за одбрана.

После долгиот процес на тестирања и проверки, на овие 200 кандидати од вкупно пријавените 1.800, за Шекеринска е знак дека Армијата во своите редови добила млади луѓе, доволно подготвени, квалитетни, упорени и посветени.

Со приемот на новите 200 професионални војници, вкупната бројка на

новопримени во изминативе три години е 830 лица.
Шекеринска информира дека оваа пролет ќе започне голема вежба на армискиот полигон Криволак, на која ќе учествуваат над 2000 припадници од повеќе сојузнички армиии.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе