Со Извршна наредба

На американската црната листа Бајден ги вклучи и оние кои го загрозуваат Преспанскиот договор

Со Извршна наредба од американскиот претседател Џо Бајден проширен е опфатот на санкциите во однос на националната вонредна состојба од 2001 година и врз оние лица или ентитети кои го загрозуваат и Преспанскиот договор и Охридскиот договор. Со наредбата на овие лица и ентитети кои не наведени поименично, им се замрзнува имотот и им се забранува влез во САД.

Наредбата се однесува и на Дејтонскиот договор и на Резолуцијата на ОН 1244.

Бајден наведува дека оваа одлука ја донел затоа што „состојбата на територијата на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан), во текот на изминатите две децении, вклучително и поткопување на повоените договори и институции по распадот на поранешната Социјалистичка Федерална Република Југославија, како и широко распространетата корупција во рамките на различните влади и институции на Западен Балкан, го спречуваат напредокот кон ефективно и демократско управување и целосна интеграција во трансатлантските институции и со тоа претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединети Држави“.

Во наредбата пишува:

„Целиот имот и интереси во имотот што е во Соединетите Држави или кои се во сопственост или контрола на кое било лице од Соединетите Држави на следниве лица се блокирани и не можат да бидат пренесени, платени, извезувани, повлечени или на друг начин договорени со секое лице определено од секретарот на Министерството за финансии, во консултација со државниот секретар:

-Кои се одговорни или соучесници во, или директно или индиректно вклучени во активности или политики што го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава на Западен Балкан;

-Кои се одговорни или соучесници во, или директно или индиректно вклучени во активности или политики што ги поткопуваат демократските процеси или институции на Западен Балкан;

-Кои се одговорни или соучесници во, или директно или индиректно вклучени во кршење или дело што го попречува или загрозува спроведувањето, каква било регионална безбедност, мир, соработка или договор или рамка за меѓусебно признавање или механизам за отчетност поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи го и Договорот од Преспа од 2018 година и Охридскиот рамковен договор од 2001 година“.

За овие лица се забранува влезот во САД, освен ако државниот секретар или секратарот за домашна безбедност не проценат дека влезот нема да им наштети на интересите на Соединетите Држави. Со наредбата се забрануваат и донации кои може да ја поткопаат безбедноста и демократскиот напредок на поединечните земји и целиот регион.

Со казнените мерки би биле опфатени и лица кои се одговорни за „сериозни повреди на човековите права“ и вклучени во корупција во регионот, вклучително и проневера на јавни средства, отуѓување на приватен имот за лична корист или за политички цели и мито“.

Како што соопшти Белата куќа, таа регулатива овозможува и санкционирање на актерите вклучени во „прекршувања или активности што го попречуваат или загрозуваат спроведувањето на каков било договор за регионална безбедност, мир, соработка или заемно признавање, рамка или механизам поврзан со Западниот Балкан“.

На лицата кои исполнуваат еден или повеќе од овие критериуми им се забранува влез во САД, бидејќи тоа е во спротивност со американските интереси.

Претседателот Бајден го задолжува американскиот државен секретар да ја имплементира оваа наредба, во делот што се однесува на издавањето визи за влез во САД, како и на секретарот за внатрешна безбедност.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе