Спикерот на новинарско прашање

На Ахмети му се обраќам со „команданте“ и тоа си е моја работа, вели Џафери

Зошто претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери на лидерот на ДУИ Али Ахмети му се обраќа со „команданте“, праша еден новинар на брифинг со спикерот во парламентот, а одговорот што го добие е „тоа си е моја работа“. Инкау, Џафери смета дека превремени избори не би го решиле проблемот од немање 80 пратеници во Собранието за да се изгласаат уставни измени. Тој смета дека нема потреба да свика седница за македонско - бугарските односи.

Прашањето зошто на Ахмети му се обраќа со „командант", предизвика мала полемика на дел од новинарите со претседателот на Собранието Џафери. Зошто го користи тој прекар какаракеристичен за 2001 година, кога помина речиси четвртина век оттогаш, беше прашан Џафери, но тој повторуваше дека си е негова лична, приватна работа, како обраќање на партиец со сопартиец.

„Па што има врска што не сме 2001 година, па и да сме 2100 година, јас пак на Ахмети ќе му се обраќам како што јас сакам. Оддамна се познаваме и никој не може да ми каже како да му  се обратам", рече Џафери.

На новинарско прашање пак, поврзано со барањето на дел од опозицијата за предвремени избори, Џафери рече дека изборите ништо нема да променат.

„За уставни измени се потребни 80 гласови во Собранието. Избори сега ништо не би промениле, напротив, би ја компликувале ситуацијата, зашто постапката за уставни измени најдоцна би требало да почне во јуни – јули годинава за да заврши до ноември, кога завршува и скринингот од ЕУ. Најдобро е власта и опозицијата да седнат и да се договорат за приоритетите“, рече Џафери. 

„Јас можам да распишам избори само во моментот кога ќе се согласат политичките партии да се распушти Собранието или кога ќе заврши маднатот во последните 90 дена. Во други услови партиите треба да излезат со соодветен предлог", рече спикерот на парламентот.

Тој нема во план по примерот на бугарскиот парламент, да свика посебна седница на која за односите меѓу Македонија и Бугарија и активностите на МНР би бил сослушан министерот Бујар Османи. Според Џафери, министерот како и досега, може пратениците да ги информира преку собраниските комисии.

Во однос на неговите сопартијци од „огнената“' група, само Изет Меџити отсуствува од седниците на Собранието, рече Џафери

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе