Според РТС

На агендата на Бајден во Брисел и преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ

Меѓу бројните прашања на агендата за време на првата посета на американскиот претседател Џо Бајден во Европската Унија, Западен Балкан ќе биде една од темите за која Брисел и Вашингтон ќе ја нагласат потребата од подобра соработка и координација, јавува РТС, повикувајќи се на дипломатски извори.

„САД очекуваат ЕУ да го преземе водството на Балканот, кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и целокупната политика на проширување, со активна поддршка од Вашингтон“, наведуваат дипломатските извори во Брисел и додаваат дека САД ја охрабрува ЕУ конечно да ги отвори преговорите со Северна Македонија и Албанија, имајќи предвид дека кредибилна политика на проширување на ЕУ е исто така во американски стратешки интерес.

За разлика од ЕУ, чии пет земји-членки не ја признаа независноста на Косово, претставниците на САД посочуваат дека сеопфатното решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да доведе до заемно признавање.

„Иако има некои разлики во ставовите на Брисел и Вашингтон кон регионот, администрацијата на претседателот Бајден го дели зголемениот интерес на ЕУ за прашањата на владеењето на правото и слободата на медиумите на Западен Балкан“, наведуваат во Брисел.

Во нацрт-заедничката декларација која може да претрпи и промени се наведува дека „САД и ЕУ ќе го зајакнат својот заеднички ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и поддршката за клучните реформи во рамките на европската интеграција“. 

Главната цел на првата посета на претседателот, Џо Бајден на Европа од почетокот на неговиот мандат ќе биде „обновување на трансатлантското партнерство“ и создавање на заедничка агенда за постпандемискиот период. Во Брисел на 15 јуни тој ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Со нив Бајден ќе разговара и за соработката во борбата против ковид-19, економското закрепнување и борбата против климатските промени, односите со Русија и Кина и заедничкиот став против поткопување на демократијата во светот.

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе