Пред посегата на поглаварот на Католичката црква

На 7 мај папата доаѓа во Скопје, на литургијата на плоштадот ќе присуствуваат повеќе од 20.000 луѓе

Ова е најзначајниот настан во историјата на Македонија. Вака претставници на Владата ја дефинираат претстојната посета на папата Франциско на 7 мај на Македонија. Посетата ќе има државен и религиски карактер. За овој настан веќе се акредитирани 165 странски новинари, новинари на 65 медиуми кои ќе патуваат со авионот на папата кои ја следат неговата посета и стотина домашни новинари.

Папата во Македонија доаѓа на покана на претседателот Ѓорге Иванов. Покани за посета на Македонија до папата досега испратиле сите досегашни претседатели на државата. Од Владата велат дека е ова државна посета од највисок ранг и доаѓа како резултат на забрзувањето на процесите на зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.

Во Скопје папата на Католичката црква ќе се задржи 10 часа. На 7 мај, по слетувањето на скопскиот аеродром, каде ќе биде пречекан од претседателот и премиерот на државата, во резиденцијата на претседателот Иванов предвидена е средба со државниот врв.

Околу пладне предвидена е литургија на папата на плоштадот Македонија во центарот на Скопје на која се очекува да присуствуваат повеќе од 20 илјади граѓани на Македонија, а веќе се најавени доаѓања на верници од Хрватска, Косово, Албанија, Бугарија...

Присуството на плоштадот ќе биде можно само со билет кои бесплатно ќе се делат во неколку центри на Католичката црква.

Папата Франциско ќе го посети и меморијалниот центар Мајка Тереза каде ќе се сретне со сите верски поглавари во Македонија, а ќе ја посети и Католичката црква Пресвето срце Исусово во Скопје каде ќе се сретне поголем број млади и сиромашни лица.

За време на посетата на папата ќе важат посебни мерки на безбедност од прв степен.

Ова е прва посета на еден папа на Македонија. Во Скопје папата ќе слета од Софија по завршувањето на посетата на Бугарија.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе