Локални избори - втор круг

На 29 октомври ќе се гласа во 35 општини, СДСМ е во предност во 14, ВМРО-ДПМНЕ во 6

Втор круг од локалните избори на 29 октомври ќе се одржи во 33 општини - во 14 од нив во водство е кандидатот на СДСМ, а во шест на ВМРО-ДПМНЕ.

Во првиот круг кандидатите не успеале да освојат 50 отсто од бројот на гласачите што излегле. Според податоците на Државната изборна комисија во вториот круг во 13 општини противкандидати на СДСМ ќе бидат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, а во една општина кандидатот за градоначалник од НДП.

СДСМ во вториот круг влегува со предност во Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Виница, Градско, Демир Капија, Јагуновце, Карбинци, Македонска Каменица, Македонски Брод, Росоман, Старо Нагоричане и Чашка.

СДСМ во првиот круг од локалните избори освои 37 градоначалнички места. ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг со предност влегува во 6 општини - Зрновци, Кавадарци, Новаци, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип. Во Штип разликата е од само 36 гласа за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев наспроти кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски. И во Чешиново-Облешево разликата е 39 гласа во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија во првиот круг од изборите победила само во три општини, Петровец, Сопиште и Илинден,

Кандидатите за градоначалници на ДУИ се во предност во 11 општини (Гостивар, Тетово, Чаир, Сарај, Боговиње, Врапчиште, Дебар, Долнени, Желино, Липково и Теарце, а кандидатите на Алијансата за Албанците и ДПА во по една општина (Струга и Студеничани). Во две општини со предност во вториот круг ќе влезат независни кандидати - Брвеница и Могила.

ДУИ во првиот круг освои две градоначалнички места, група избирачи две и Демократската партија на Турците едно.

 

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе