Собрание

На 29 јануари пратениците пак ќе гласаат за законот за јазици

На 32-та собраниска седница закажана за в понеделник, 29 јануари, прва точка од дневниот ред е Законот за употреба на јазиците. Овој закон се враќа пред пратениците откако на 17 јануари претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише указот затоа што „е во спротивност со Уставот и го загрозува унитарниот карактер на државата“.

Претходно, пратениците со 69 гласа „за“ на 11 јануари го изгласаа овој закон. Тогаш на седницата не присуствуваа пратениците на опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера оваа партија соопшти дека бара повлекување на законот за јазици затоа што е неуставен и побара формирање работни групи за поширока консултација со стручната и експертската јавност.

За Владата нема ништо спорно, за нив законот е во согласност со Уставот, изгласан во демократска, парламентарна процедура и е во интерес на сите граѓани. Од Владата ја повикаа пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ да учествува во процедурата за повторното гласање на законот.

Од парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ засега не најавуваат амандмани според укажувањата за неуставноста на законот на претседателот Иванов. Според Деловникот, на вратен закон може да се поднесуваат амандмани само во врска со забелешките на претседателот на Македонија.

Според Уставот, ако законот в понеделник биде повторно изгласан со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, тогаш Иванов е должен да го потпише указот.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе