Откако започна вакцинацијата на повозрасните лица

МЗ: До нови инструкции co Астра зенека ќе се вакцинираат само лица над 60 години

Имајќи ги предвид мерките спроведени во Германија и во Канада, како мерка на предпазливост во следните денови до добивање на официјални препораки и ставови, вакцината на Астра Зенека во нашата држава ќе се употребува само кај популација постара од 60 години", информира Националната техничка работната група за вакцинација со оваа вакцина.

„Националната техничка работна група за ковид-19 вакцинација ги следи сите информации во однос на ефикасноста и безбедноста на сите вакцини вклучително и на вакцината на Астра Зенека. Во текот на вчерашниот ден беа разгледани ставовите на Германија и Канада, чии здравствени регулаторни тела одлучија оваа вакцина привремено да ја користат само кај популација постара од 60 односно од 55 години. Овие одлуки ги темелат на појава на многу ретки случаи на згрутчување на крвта, вклучувајќи и ретки случаи на тромбоза на церебрален венски синус кај лица кои ја примиле вакцината на АстраЗенека“, се вели во соопштението.

Работната група нагласува дека во моментов од страна на Европската агенција за лекови ЕМА и од Светската здравствена организација СЗО нема промена на официјалните препораки во однос на возрасните групи кои може да ја примаат вакцината на Астра Зенека.

„Засега најголем број на европски држави продолжуваат со вакцинацијата на цела популација со вакцината на Астра Зенека“, се потсетува во соопштението.

Работната група вели дека имунизацијата со Астра Зенека во нашата земја започна денеска за ѓраѓаните над 77 години и ќе се одвива според националниот план за вакцинација.

„Будно ќе ја следиме состојбата и новите информации во однос на употребата на вакцината на АстраЗенека, а како мерка на предпазливост во следните денови до добивање на официјални препораки и ставови, вакцината на Астра Зенека во нашата држава ќе се употребува само кај популација постара од 60 години“, информира работната група за вакцинација со оваа вакцина.

Во соопштението се додава дека бенефитот од вакцинацијата неколкукратно е поголем од ризикот од неа и дека вакцините остануваат единствен начин за сузбивање на пандемијата.

„Досега од вакцината на АстраЗенека се дадени над 15 милиони дози и бројот на несакани реакции и изворедно мал“, заклучува оваа техничка работна група.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе