МВР воведува електронски записник од увид во сообраќајна незгода

МВР во изминатиот период го реализираше првиот дел од проектот „Електронски записник од увид во сообраќајна незгода“, со кој се воспоставува централна, електронска евиденција на извршени увиди на сообраќајни незгоди, при што се обезбеди внесување, чување и обработка на податоците од Записникот за извршен увид на место на сообраќајната незгода, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„При изготвување на софтверското решение на унифицираниот Образец на Записник за извршен увид на сообраќајна незгода се пристапи и кон имплементирање на CADAS протоколот, при што беа инкорпорирани Записникот за увид на сообраќајна незгода, Прашалникот СН1 и податоците за Важните варијабли од CADAS протоколот, а стручните тимови веќе работат на подготовка на втората фаза од проектот „Електронски записник за увид на сообраќајни несреќи“, појасни Спасовски во објава на Фејсбук.

Според него, во наредниот период МВР планира да го надгради постојното софтверско решение за внесување на т.н. ГЕО – координати и можност за електронска размена на податоците со други институции.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе