МВР: Вкупно 103 лица го прекршиле полицискиот час, 63 се приведени во полициска станица

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие (24/25.03) на територијата на целата држава вкупно 103 лица не ја почитувале забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот, а 63 од нив биле приведени во полициска станица, додека 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан, соопшти МВР.

Исто така, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои  на граничните премини потпишале изјави за самоизолација.

Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата.

 

 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе