МВР тврди дека вечерва пред Собранието се повредени двајца полицајци

За време на вечерашниот протест пред Собранието на Македонија, како што велат од МВР, повредени се двајца полицајци кога група демонстранти во еден момент фрлиле чадни бомби, петарди, шишиња и слично.

Двајцата полицајци се хоспитализирани, потврдија од МВР.

На собирот вечерва се појавиле лица со „фантомки" кон кои се стрчале дел од учесниците на протестот со цел да ги откријат и избркаат од протестот кој минуваше мирно. Неофицијално се работи за две лица.

Според полицијата, приведено е и едно лице кое се движело кон Собранието носејќи чекан и камења со себе.

На мирниот протест беше запален транспарент со фотографии на пратеници од власта на кој пишуваше „предавници".

Протесниот марш почна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, каде луѓето што протестираа оставаа рози пред полицијата и потоа продолжија пред Собранието.

На крстосницата пред плоштадот „Скендербег" на влезот во Старата скопска чаршија дојде до инцидент кога врз демонстрантите дури беа вперени и пиштоли од две лица група луѓе, чии фотографии беа објавени на социјалните мрежи. Едно од лицата е уапсено, потврдиле од МВР.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе