МВР со видео го демантира Мицкоски: Полицијата беше на лице место

МВР целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег. Напротив, велат од МВР полицијата беше на лице место и во истиот момент реагираше. 

МВР објави и видео на кое се гледа група полицајци како трчаат кон лицата кои фрлаат со тврди предмети по демонстрантите. 

„За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат да со дезинформации. Во видеото во прилог точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагираат и спречуваат поголем инцидент“, велат од МВР. 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе