ИСТРАГА

МВР со детали за авионската несреќа, се утврдуваат сите поединости

Министерството за внатрешни работи денеска се огласи за падот на авионот во скопско, а соопштението го пренесуваме интегрално. 

На 06 септември во 17.36 часот дежурен полициски службеник од РЦ за ГР „Север“ во Единицата за известување и команда при СВР Скопје пријавил дека од аеродромот „Александар Велики“ Скопје на 10 километри кон Велес се изгубил комерцијален авион со шест патника во него. Според првичните информации од Контролата на летање, известено е дека авионот бил приватен од типот “пајпер па 34“ со германски регистарски ознаки и дека истиот полетал од Тревизо, Република Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Република Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје за дополнување на гориво. Околу 18.45 часот телефонски од СВР-Велес е добиена информација, дека жител од с.Кожле, пријавил во СВР Велес, дека во атарот на селото, општина Петровец-Скопје слушнал експлозија, по што околу 20.00 часот од страна на полициски службеници од ПО „Петровец“, заедно со мештани од с.Кожле пронајдени се остатоци од авионот на место викано „Јеловица“ во атар на селото. Од извршениот преглед на терен пронајдени се делови од авионот и тоа крило со една гума, метална електронска кутија, два мобилни телефони, карти за патување и една италијанска патна исправа.
Веднаш по известувањето во 18,45 часот е активиран Одделот за специјални полициски операции, од каде се ангажирани 50 полициски службеници со 10 моторни возила од Единицата за специјални задачи (ЕСЗ), како и 120 полициски службеници со 15 моторни возила од Единицата за брзо распоредување. 
По пронаѓањето на авионот од страна на полициски службеници од ЕСЗ е извршено обезбедување на периметарот на местото на настанот, и известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје која излегла на местото на настанот, по што е извршено првично фотографирање, но поради немање на услови за вршење на увид, истиот согласно насоките од јавниот обвинител е планиран да продолжи во утринските часови.
Исто така, по добивање на информацијата известена е и Итната медицинска помош и Единицата за противпожарна заштита од Скопје. Поради непристапноста на теренот и лошите временски услови екипата на Итната медицинска помош пристигнала на местото на незгодата околу 01,00 часот на 07.09.2016 година, додека екипата на противпожарната единица откако пристигнала во с.Кожле е вратена назад заради немање потреба од нивна интервенција.
Во текот на ноќта формирана е стручна екипа составена од Јавен обвинител, претставници од Судска медицина, истражители од Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, како и полициски службеници од Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР, ЕУМНА при СВР Скопје, УПС од СВР Скопје, Единица за насилен криминал, Одделение за крвни и сексуални деликти, потраги и ЦПС која на утринава во 6 часот е упатена кон местото на незгодата со цел продолжување на активностите во насока на обезбедување на местото на настанот, вршење на увид, и идентификација на починатите лица, со цел обезбедување на докази на причините за авионската незгода и смрта на патниците.
Утринава екипите кои се упатени на местото на настанот, поради лошите теренски услови пристигнале во 10 часот и во 10.30 часот е започнато со обезбедување на локациите за кримтехничко обележување на трагите.
МВР во координација со другите надлежни институции презема мерки и активности за утврдување на сите поединости околу авионската несреќа и целосно документирање на настанот.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе