МВР: Рашковски може без полициска придружба од куќен притвор да оди на лекар

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, информираат од МВР. Тој вчера бил фотографиран на улица во скопската населба Аеродром. За полицијата нема ништо спорно затоа што му било дозволено да оди на лекар со решение од судот.

Премиерот Зоран Заев, денеска одговарајќи на новинарско прашање, даде детали за оваа дозвола..

„Правосудните органи и МВР соопштија дека има дозвола од судот во точен период кога да оди на лекар и тоа го прочитав од медиумите. Не знам зошто е виден да оди слободно или не, знам дека има точно предвидено со решение од судот кога да оди на лекар за здравствени потреби, точно колку пати во неделата, во кој дел од денот...", рече Заев.

Од МВР соопштуваат дека „Д. Р. има дозвола од Основниот кривичен суд Скопје 1, со која, заради здравствени потреби, му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во преостанатиот период од денот, освен неколку часа, кој му е дозволен од судот, Д. Р. ја почитува мерката. Конкретно, денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Д. Р. ја почитувал мерката што му е изречена“, велат од МВР.

Рашковски беше во притвор од април поради опасност од бегство и влијание на сведоци, а по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое води истрага за него. Потоа судот одлучи тој да биде пуштен во куќен пртивор бидејќи околноста да влијае на сведоци повеќе не постоела.

Тој нудеше парични гаранции, кои не му беа прифатени. Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата што го добила тендерот.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе