Прес-конференција „Жените и МВР“

МВР прави напори жените да бидат застапени не само во администрацијата, туку и во „машките“ служби

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше на онлајн конференција насловена „Жените и МВР: Заедно работиме-заедно празнуваме", во пресрет на утрешниот ден на полицијата, 7 мај. 

На конференцијата, на која учествуваше и државната секретарка Магдалена Несторовска и дел од вработените во Министертвото за внатрешни работи, Спасовски ја потенцира улогата, местото и значењето на жените во системот на Министертвото за внатрешни работи и имплементирањето на принципите на правична родова застапеност, со која жените ќе го добијат своето заслужено место во општествените современи текови.

Државната секретарка Несторовска во воведното обраќање истакна дека ова е првпат од празнувањето на 7 мај, Денот на полицијата, да се одбележи со активност во која ќе доминираат родово сензитивни теми, учеството на жените во МВР и воопшто во полицијата.

Сите активности кои се преземаат за зголемување на учеството на жените во полицијата и во МВР, поддршката на раководството на чело со министерот, стои во соопштението од МВР, е недвосмислена, јасна и искрена.

На онлајн конференцијата се обратија и Маја Стојановска, командир на Полициска станица Кисела Вода, Ирена Спирова, самостоен инспектор за полициска обука во ЕБР и Туркан Тутиќ, претставничка на Специјалната антитерористичка единица Тигар. 

Министерот Спасовски нагласи дека денес во МВР жените се далеку позастапени во делот од административните служби, но се прават сериозни исчекори и за нивна правична застапеност во оние служби кои до пред десетина или повеќе години важеа за исклучиво „машки“, особено во рамки на униформираната или криминалистичка полиција. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе