По допрен глас

МВР потврди дека полициски екипи влегле во Општина Карпош, Јакимовски изнесувал лични работи

Врз основа на допрен глас дека од просториите на општина Карпош се изнесува документација на општината, од полициски службеници од СВР Скопје е излезено на лице место при што е констатирано дека во моментот на проверката не се изнесува никаква документација, се наведува во писмениот одговор на МВР и додаваат дека се уште актуелниот градоначалник Стефчо Јакимовски изнесувал лични работи и се подготвувал да ја предаде функцијата на новоизбраниот градоначалник. 

Од МВР наведуваат дека по извршениот разговор со градоначалникот Стевчо Јакимовски утврдено е дека тој се подготвувал за изнесување на личните предмети од својот кабинет со цел подготовки за примопредавање на функцијата. Личните предмети се уште се наоѓаат во кабинетот.

Бидејќи не е потврдено сознанието и постоењето на сомнението за стореното кривично дело фалсификување или уништување на деловни книги поради кое СВР постапувало, по обавениот разговор полициските службеници се повлекле од лице место, се вели во одговорот на МВР.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе