Уште една вредна странска донација за државата

МВР од УНДП и Германија доби опрема за откривање на мало и лесно оружје

Донација од нова компјутерска опрема, составена од 74 компјутери, 52 принтери и 50 скенери што ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи и полициските станици, ќе овозможи поефикасно следење и контрола на малото и лесно оружје во државата. Донацијата е дел од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници", кој УНДП го имплементира со финансиска поддршка на Германската амбасада во Скопје.

Ова е втора донација на ИТ опрема во рамките на проектот откако во октомври  беа испорачани 53 компјутери, 16 принтери, 10 скенери и 25 специјални принтери за дозволи за оружје. Покрај донацијата на опрема, во тек е развој на соодветниот софтвер за следење и контрола на малото и лесно оружје. Дополнително, во текот на септември ќе се одржат обуки за 250 вработени во МВР кои во пракса ќе работат во овој безбедносен сегмент.

„Главната цел на проектот е да се намали злоупотребата на малото и лесно оружје како една од најчестите причини за вооружените инциденти во државата. Донацијата на оваа опрема е само еден сегмент од целокупниот проект, кој ќе го надгради информацискиот систем на МВР, а преку развој и имплементација на полициски информациски систем ќе обезбеди дигитализација и унапредување на оперативните процеси и ќе ја забрза институционалната размена на информации, изјави постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.

Таа нагласи дека полицијата добива нова и ефикасна алатка во борбата против нелегалната трговија и незаконското поседување мало и лесно оружје, во насока на заложбите за унапредување на безбедноста во државата.

„Целосната и успешна имплементација на иницијативата 'Патоказ за контрола на мало и лесно оружје', која произлегува од Берлинскиот процес, е исклучително важна за зголемување на контролата на мало и лесно оружје и на безбедноста на граѓаните во сите земји од Западен Балкан“, рече германскиот заменик амбасадор Ото Граф.

„Нашата борба против овој вид криминал ќе биде поефикасна и веруваме дека ќе придонесе за зголемување на нивото на безбедност на граѓаните“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој се заблагодари за донацијата.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе