Од денеска до 24 мај

МВР: Од 13 часот се влегува во Грција преку Богородица - Евзони

Македонското Министерство за внатрешни работи информира дека добиле известување од грчките гранични служби дека од денеска во 13 часот е дозволен влез во Грција за граѓаните од ЕУ и од трети земји, вклучувајќи ги и македонските граѓани, преку граничниот премин Богородица – Евзони.

„Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Република Северна Македонија ќе може да влезат во Република Грција преку ГП ‘Евзони‘ со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ“, соопшти МВР.

Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да влезат во Грција во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.

 

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе