МВР незаконски земало и чувало ДНК материјал, пресуди Судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕЧСП) донесе пресуда со која се утврди дека начинот на кој полицијата во Македонија собира, обработува и чува ДНК материјал не е во согласност со членот 8 (правото на приватен и семеен живот) од Европската Конвенција за човековите слободи и права донесе вчера.  

Пресудата се однесува на случај од 2013 година кога двајца жалители застапувани од правниот тим на Коалиција Маргини и ХОПС поднесоа жалба до ЕСЧП со наводи дека во октомври 2009 и во февруари 2010 година, полицијата им зела примерок од ДНК без судска наредба и без нивна согласност под сомнение дека извршиле кривично дело. Во постапката против едниот од жалителите примерокот од ДНК не бил искористен како доказ, а не постои гаранција на кој начин и колку време овој податок ќе се чува и за што ќе се искористи во иднина.

Двајцата жалители побараа заштита на нивното право на лични податоци пред Дирекцијата за заштита на личните податоци, но барањето било одбиено како неосновано, со образложение дека полицијата постапила согласно своите овластувања. Жалителите потоа побарале судска заштита против одлуката на Дирекцијата за заштита на личните податоци пред Управниот и Вишиот Управен суд. Управниот суд ја одбил тужбата, а Вишиот Управен ја потврдил одлуката на понискиот суд.

Како што објаснуваат од Коалиција Маргини, жалителите тврдат дека ДНК примерокот содржи специфични лични податоци за кои не постои законска гаранција за што ќе се користи и колку време ќе се чува од страна на полицијата. Аргументот на полицијата дека ДНК примерокот е земен со цел да се утврди идентитетот на жалителите е неоправдан и непотребен во услови кога постојат други законски пропишани начини да се утврди идентитетот на осомничените.

ЕСЧП во својата судска практика веќе има утврдено дека самото чување на ДНК податок е мешање во приватниот живот. Во конкретниот случај Судот нашол дека правната рамка што го регулира чувањето на ДНК материјалот не е прецизна. Произволната и неселективна можност да се чува ДНК материјал на жалителите, поврзано со отсуството на доволна гаранција за жалителите да знаат колку време ќе се чува и за што може да се употреби, не обезбедува фер баланс помеѓу јавниот интерес и приватниот интерес. Затоа, државата во конкретниот случај ја пречекорила прифатливата маргина на оценка, па чувањето на ДНК материјалот е непропорционално со правото на приватност на жалителите и не може да се смета за неопходно во демократско општество.

Според искуствата на Коалиција Маргини и ХОПС, во периодот кога се извршени повредите, полицијата имала пракса на арбитрарно земање на ДНК примероци од луѓе што употребуваат дроги, прекршувајќи го нивното право на приватност.

Од Коалиција Маргини апелираат пресудата на ЕСЧП да се почитува и да се спроведе во најкус можен рок, пред сé преку донесување на јасна законска рамка за начинот на земање, обработка и чување на ДНК примероци и прекинување на практиката на произволно земање на ДНК примероци и унапредување на третманот кон луѓето кои употребуваат дроги од страна на полицијата.

 

 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе