МВР набави нови 40 дрегери за мерење алкохол кај возачите

Министерството за внатрешни работи набави нови 40 етилометри, познати уште и како дрегери, кои ќе ѝ бидат предадени на сообраќајната полиција за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол, информираат од Министерството.

По неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, како што велат оттаму, продолжуваат со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa безбедност на патиштата.

„Токму возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол се причинители на голем број тешки сообраќајни незгоди и затоа нивното санкционирање е еден од приоритетите на сообраќајната полиција. Сега сообраќајната полиција има 145 етилометри, за разлика од само осум етилометри во 2017 година“, велат од МВР.

Со новата опрема, додаваат, дополнително ја зголемуваат безбедноста на патиштата, а и во наредниот период ќе продолжат со неопходните набавки за да се обезбедат максимални услови за сообраќајната полиција.

„Како резултат на посветеноста за создавање безбедни средини за граѓаните, минатата 2020 година е година со најмал број на жртви, а од 2017 година наваму бројот на жртви континуирано се намалува“, додаваат од МВР.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе