МВР: На списокот на австриската полиција за терористичкиот напад три лица со македонско и австриско државјанство

Во барањето за соработка и информации кое австриската полиција, преку Европол, го доставила до македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) има три лица кои покрај австриското имаат и македонското државјанство, а сите тројца се родени во Австрија.

„Денеска од австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена. Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија). Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај“, соопшти МВР.

Дел од медиумите на албански јазик денеска објавија и дека една од жртвите во синоќешниот напад исто така е со потекло од земјава и дека се работи за Неџип Вранези (20) по потекло од струшкото село Велешта.

Инаку, во соопштението од МВР се додава дека денеска телефонски разговарале премиерите Зоран Заев и Себастиан Курц. Курц му се заблагодарил на Заев за искажаната солидарност и поддршка. Двајцата премиери изразиле подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе