Претседателски избори 2019

МВР: Мирен изборен ден

Министерството за внатрешни работи го оцени денешниот изборен ден како мирен. Од таму велат дека во текот на денешниот изборен ден до 19 часот, регистрирани се четири случаи со фотографирање на гласачко ливче.

За првиот настан МВР вели дека во 09.05 часот, на гласачко место во градинката „Лале- Срничка" во општина Аеродром- Скопје, претседателот на избирачкиот одбор го забележал Р.Ѓ.(36) од Скопје како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вториот настан се случил во 11,40 часот, на гласачко место број 1515 во село Обршани,општина Кривогаштани, К.П. (42) од село Обршани, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.

Во 16,05 часот пријавено е дека на Избирачко место број 1969, лоцирано во ЈКП Тетово, .В.П (36) од Тетово, откако гласал го фотографирал гласачкото ливче, а четвртиот случај е во село Тромеѓе, кумановско, каде на гласачко место број 1080 во 16.49 часот, од страна на Избирачки одбор е побарано интервенција од полициски службеник, поради фотографирано гласачко ливче од М.Д кој е приведен во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 17.50 часот во село Доброшево , Новаци на гласачко место 0218 пријавено е дека лицето Н.Т во видно алкохолизирана состојба по чинот на гласање , во обид да го стави ливчето во кутијата ја турнал гласачката кутија при што кутијата паднала на земја и се оштетила рачката од едната страна. Избирачкиот одбор едногласно одлучил дека изборниот процес може да продолжи без прекин, бидејќи процениле дека гласачкиот материјал не излегол од гласачката кутија. .

Околу 13 часот, телефонски е пријавено дека лице од село Кучичино-Кочани, кој што имал продавница во близина на гласачките места број 0881 и 0880, наводно вршел агитирање во својата продавница, односно делел пакети со продукти и пропаганден материјал. На лице место излезено е од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и утврдено е дека станува збор за лицето С.С (53) од с.Кучичино општина Чешиново-Облешево кој во службениот разговор со инспекторите изјавил дека на три лица со престојувалиште од општина Штип им дал рекламен материјал со еден од кандидатите за претседател.

Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани ќе биде доставено писмено известување до Основното Јавно обвинителство Кочани.

Пријавени се и 11 случаи на агитирање, од кои за осум е веќе утврдено дека се непотврдени, а за три се преземаат мерки за проверка.

За евентуалните дополнително пријавени случаи МВР ќе информира во текот на утрешниот ден.

И министерот Оливер Спасовски на прес-конференција рече дека изборите минаа мирно и пријавени се пет пати помалку пријавени инциденти во однос на изборите 2017 година. 

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе