МВР ќе издава готови лични документи и за време на викендот

Готови лични документи МВР ќе издава и во текот на викендот во објектот во МТВ и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров, информираат од МВР.

„Одделението за управни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради зголемен интерес за издавање на готовите лични документи, објектот во МТВ и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров ќе работат и во сабота на 24.07.2021 година, со работно време од 08.00 до 16.00 часот, додека во недела, на 25.07.2021 година готовите лични документи ќе може да се подигнат само во објектот на МТВ, и тоа од 08.00 до 16.00 часот“, се вели во соопштението.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе