РЕАКЦИЈА

МВР: Хартиите со кои денес манипулираше Зоран Заев се најобична лага

Хартиите со кои денеска манипулираше четвртоосомничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање, вели МВР во своето соопштение до медиумите по прес-конференцијата во која лидерот на СДСМ Зоран Заев изнесе материјали дека биле прислушувани над сто новинари во земјава, а најприслушуван бил сопственикот на Фокус Никола Младенов.

Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш ниту незаконски следеле ниту правеле анализи на новинари, вели МВР и додава дека тие во целост ги почитувале Уставот и Законите на Република Македонија и работеле согласно со нив.

МВР најостро ги демантира „сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев“, кој „ќе добие можност да ја даде својата одбрана за материјалите за кои изјави дека му биле дадени од странска служба“.

Со денешната пресуда започна разврската во Акцијата „Пуч” и сè поочигледно станува дека четвртоосомничениот Зоран Заев почнува да се губи и да тоне обидувајќи се да исконструира сè поголеми лаги, вели МВР во соопштението.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе