МВР го бара Мијалков, Мицкоски бара оставка од Владата

Додека МВР е во потрага по Сашо Мијалков за да му го предаде решението за куќен притвор, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со објава на Фејсбук побара оставка од Владата.

„Одамна реков, мафијата има своја држава. Нема дно кое не го пробија. Оставка на Владата веднаш!

Cите се качија на еден ист брод, се собра дружината. Уценуваните и уценувачите. А Заев сакајќи да наштети на ВМРО, си стави уште еден тег на ногата. Епа Заев со здравје да си ги носиш. Си одговарате и по криминалот и по нечесноста.

Ви кажувам, сега доаѓа ураганот од народ кој ќе го потопи тој брод на кој сте собрани топтан. Доста е“, пишува Мицкоски.

Од Кривичниот суд денеска со соопштение појаснија дека барањето за притвор за Сашо Мијалков од Обвинителството било поднесено вчера во 15 часот. Веднаш било донесено решение за мерка куќен притвор со 24-часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението предадено до МВР како надлежни за понатамошно постапување.

„Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за сомневањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и донесе решени со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24-часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување“, пишува во соопштението од Судот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе