Локални избори

МВР: Дупли ливчиња, расправање со комисијата, сликани гласачки ливчиња...

Министерството за внатрешни работи во последниот извештај за текот на гласањето информира за неколку нерегуларности во Скопје, Охрид и во Битола.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56 часот сѐ до 14.13 часот, поради тоа што заменик член од партија дал дупли ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Околу 14.04 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основно училиште „26 Јули“ до обложувалница имало патничко возило „комбе“ со залепени плакати од кандидатот на политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Околу 12,45 часот во СВР Скопје Т.К. заменик претседател на гласачко место 2781 во основно училиште „Рајко Жинзифов“ пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во изборниот список истотο им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место. Против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 14,12 часот во СВР Охрид од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. М.Јорданоски во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14,12 до 14,25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.10.2021 во 13,55 часот во СВР Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе