Претседателски избори 2019

МВР: Агитација на избирачки места, сликање со мобилен, расфрлани летоци...

Министерството за внатрешни работи попладнево информира за евидентирани нерегуларности на неколку места во врска со гласањето на вториот круг од претседателските избори.

Според МВР, позади основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“, надвор од гласачкото место, пронајдени се околу 10 летоци со содржина во врска со претседателските избори. И на улицата „Коста Новаковиќ“ во две згради, од страна на граѓани е пријавено дека има расфрлени летоци со содржина во врска со претседателските избори.

Во 12,30 часот од Општинската изборна комисија на гласачко место број 0764 во село Другово, Кичево е пријавено дека Ј.Ј. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Лицето е повикано во ПС ОН Кичево и е известен јавен обвинител.

Во 14,30 часот, од страна на заменик претседател на избирачкиот одбор на гласачко место број 2666, во ОУ „Златан Сремац“, на подрачје на полициската станица Кисела Вода, пријавено е дека В.Ч. (31) од Скопје од ходникот со мобилен телефон го сликал избирачкиот одбор. Од страна на полициски службеници лицето е задржано во полициска станица за натамошна постапка.

Во Кочани, С.С. телефонски пријавил дека во близина на гласачките места број 875 и 876 во село Чешиново, Кочани, неовластено се задржувале неколку лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.

Од страна на општинскиот огранок на политичка партија од Чешиново-Облешево во писмена форма е пријавено дека две лица од село Облешево со патничко возило вршеле агитација во село Облешево. Од страна на полицискки службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе