„Зошто е крај на светот ако може да се реконструираат Артан Груби, Бујар Османи или Фатмир Бесими, мојот колега, за да дојдат други? Тоа се тие што тврдат дека ќе дојдат млади, нека ни направат пат да видиме кои се тие млади луѓе. Не е трагично… Ова е мое индивидуално мислење како член на претседателството. Врз основа на отчетноста и резултатите, ќе се направи процена и ќе се донесе одлука кој ќе замине, кој ќе го напушти местото. Нема да ги носиме на гилотина. Ќе работат на други функции, ќе работат партиски функции“, рече Џафери.
За конфликтот со Талат Џафери, тој вели дека има дилеми во однос на неговиот ангажман и во претседателството на ДУИ и како претседател на Собранието.
„И самиот Талат Џафери има дилеми околу ова прашање. Дали господинот Талат Џафери има право или не да биде дел од претседателството, бидејќи член 50 од Статутот на ДУИ вели дека претседателството е извршен политички орган и орган на одлучување? Да, тоа е извршен орган. Верувам дека и господинот Талат има дилеми, како и адвокатите. Но, реков дека ќе го испитаме…“, одговори Џафери.
Талат Џафери беше многу дециден и изјави дека нема Устав кој му забранува да биде член на претседателството.
Во Уставот на Република Македонија, во член 67 пишува: „...Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија“.
„Има член во Уставот. Дури и господинот Талат Џафери вели дека може да биде член, но без право на одлучување, без право на глас. Ако е тука дилемата да се биде член на раководството на ДУИ, без право на одлучување, тогаш која е поентата?“, запраша Муса Џафери.