Локални избори

Мурсели: Посебен буџет, засолништа и психолошка поддршка за жените жртви на семејно насилство

Претставничките на невладинoто здружение „Кортекс"-Тетово Сема Халили и Небахат Имери ме информираа и ме запознаа со анализата за процена на потребите на жените жртви на семејно насилство, изјави по средбата Вулнет Мурсели, кандидат за градоначалник на Тетово од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Оваа анализа е подготвена во рамките на проектот „Институционализација на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство“ во спроведувањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство поддржана од Австриската агенција за развој, кој се спроведува на локално ниво од невладината организација „Кортекс“-Тетово.

„На средбата разговаравме за препораките и заклучоците од анализата, каде што невладината организација „Кортекс“ ми ја претстави реалната состојба на проблемите со кои се соочуваат жените жртви на насилство, особено во периодот кога ќе одлучат да го напуштат насилниот партнер. Во мандатот на моето управување со Општина Тетово ќе има посебен буџет за оваа социјално чувствителна категорија, а во соработка со други институции ќе помогнеме во постапката за изградба на засолниште за жени жртви на семејно насилство и ќе им обезбедиме психолошка поддршка и бесплатна правна помош“, вели Мурсели.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе