„Македонија блокира“ вечер на собир во Вевчани

Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса

Пратеникот Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ е позитивно изненаден од најавата на поддржувачите на „Македонија блокира“ да го посетат во неговиот дом во Вевчани по 11 месеци.

„Многу им благодарам и позитивно сум изненаден што им текна по 11 месеци да ме видат. Се разбира, во мојот дом ќе испиеме кафе, ќе бидат послужени со благо. Нема никаков проблем“, изјави за МКД.мк пратеникот Мукоски.

Во врска со најавата од „Македонија блокира“ дека ќе му врачат протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени и од него ќе побараат да ја промени својата одлука при повторното гласање во Собранието кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени, Мукоски вели дека ќе им каже оти писмото е на погрешна адреса.

„Не можам предвреме да зборувам, да го видам прво писмото, па потоа би го коментирал. Но, ќе им кажам дека писмото е на погрешна адреса“, ни изјави Мукоски без да коментира на која адреса требало да се упати тоа протестно писмо.

„Македонија блокира“ во своето соопштение најави дека денеска ќе се одржи народен собир во Вевчани, по што ќе се посети домот на Мукоски. Наредниот собир што го најавува Движењето е в сабота во Охрид пред хотелот „Ројал Вју“. Оттаму поворката ќе се упати кон домовите на пратениците Сашо Василески и Љубен Арнаудов при што и нив ќе им биде врачено протестно писмо во врска со нивното гласање за уставни измени и воедно и од нив ќе биде побарано да ја сменат својата одлука при повторното гласање во Собранието кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени.
„Она што го бараме од горенаведените пратеници е само да ја испочитуваат волјата на граѓаните кои ги избраа да ги застапуваат во Собранието на Република Македонија и истата да не ја погазуваат по втор пат“, пишува во соопштението од Движењето „Македонија блокира“.

 

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе