Пак пауза во Собранието

Мукоски до Милошоски: Јас го одлежав своето за 27 април, жал ми е што вие не одговаравте

Јас направив грешка што ја отворив вратата, а вие и оној што избега ја насочувавте толпата да оди горе оти таму бил Зоран Заев, му реплицираше попладнево во Собранието пратеникот Крсто Мукоски на Антонио Милошоски. Тој од претседателот на Собранието Талат Џафери побара дозвола да пушти разговор на „лицето З.З.“, но Џафери му сугерираше на друго место да го направи тоа.

Милошоски го обвини Мукоски за тоа дека зема тендери од државата за поддршка на законот за Јавно обвинителство.

„За пратениците на СДСМ Крсто Мукоски беше терорист. Не знам дали го смениле мислењето, но очигледно е дека тендерите се поважни од употребата на Јавното обвинителство на селективен начин. Дел од луѓето на кои тој им ја отвори вратата се во затвор и нивните деца немаат татко како што неговите имаат. Затоа Мукоски одлучи да ги изневери граѓаните кои го гласале“, рече Милошоски.

Мукоски на Милошоски му рече дека е криминалец и дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која ја држат во заложништво два-три криминалци.

„Јас за несовесната грешка на 27 април 2017 година си го одлежав своето. Жал ми е што вие не одговарате. Заедно со избеганиот ја насочувавте толпата да оди горе оти таму е Зоран Заев,“ рече Мукоски.

По ова беше дадена пауза од еден час.

 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе