Поранешниот пратеник и актуелен потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири е назначен за генерален секретар на Владата, потврдија за за МИА од владината прес-служба.
Одлуката за тоа е донесена на денешната владина седница. Мухамед Зекири доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.
Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.