На прашањето дали се препознал во изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски дадена по националниот Совет за безбедносте, кога шефот на македонската држава кажа дека дал предлог да му се забрани влез на еден европратеник, Џамбаски одговори потврдно. Но и додаде дека „се препознава секој Бугарин кој работи во интерес на Бугарите во Македнија“.
„Сакам да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерна, дека и во минатото имало личности кои се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија. Последниот таков пример е со југословенскиот, поточно со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, рече Џамбаски.
Во врска со изјавата на Пендаровски „руска врска“ кај некои бугарски политичари, Џамбаски вели дека таква „руска - српска врска има во Скопје, не во Бугарија“
„Македонизмот како политичка доктрина и како оружје против Бугарија, секогаш е испровоциран од Белград и Москва, никогаш од Бугарија", рече Џамбаски.
„Во Скопје може да се слушне ехото на задачите што им ги поставуваат Белград и Москва, кои имаат за цел да го поделат бугарското општество, да го постават општеството во Македонија против Бугарија", нагласи овој вропратеник.