Собраниска седница

Груевски веќе не е пратеник, Џафери ја констатираше неговата оставка

Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија.

Груевски избега во Унгарија откако беше осуден на казна затвор за случајот со набавката на луксузниот мерцедес. Оставката, Груевски ја поднесе на 5 овој месец.

„Констатирам дека согласно член 152, став 1 алинеија 1 од Изборниот зaконик на Никола Груевски му претстанува мандатот пратеник во Собранието“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

На денешната седница беше констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, која тој ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката за одземање на мандатот на Груевски.

За Богоевски, кој е претседател на оваа собраниска Комисија, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што беше обвинет од страна на опозицијата дека го крши етичкиот кодекс и оти е недостоен за вршење на пратеничката функција.

Богоевски пред пратениците рече дека оставката ја поднесува од морални причини и оти со повлекувањето од функцијата пратеник сака да упати порака дека вредностите на Шарената револуција се уште се во сила. Ги повика органите на прогонот да го испитаа случајот за кој е обвинет, но притоа, како што рече, да не го заборават и случајот со нелегалното снимање и објавување.

„Вредностите се над функцијата сега и секогаш. Одговорност се поднесува лично, храбро и со крената глава пред тие што те избрале, а не кукавички и во бегство криејќи зад диктатори со слични уверувања“, рече Богоевски.

Продолжението на собраниската седница е закажано за 15 часот.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе