Повик до општините

МТСП: На располагање има 10,8 милиони евра за социјални услуги

Вкупно 10,8 милиони евра од Министерство за труд и социјална политика (МТСП) се ставени на располагање на општините во земјава за развој на социјални услуги на локално ниво за следните 5 години. МТСП ги повикува општините да аплицираат за грантови за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата.

„Со Проектот за подобрување на социјалните услуги, МТСП го развива и подобрува квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, според потребите на граѓаните и пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица. Целта е овие сервиси да ги развиваат локалните самоуправи или во партнерство со други даватели на услуги. Средствата од грантот ќе бидат наменети за воспоставување на услугата и финансирање на услугата по корисник по утврдена цена на услугата во наредните 12 месеци“, соопштија од МТСП.

Во рамките на проектот обезбедена е техничка помош за општините за проценка на потребите и побарувањата за социјални услуги на локално ниво во периодот додека трае повикот за изразување на интерес. На општините кои ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на експерт ангажиран во рамките проектот.

Крајниот рок за изразување на интерес за добивање на грантовите е 31 октомври годинава, а повикот е објавен и на веб страницата на МТСП www.mtsp.gov.mk (проект за подобрување на социјалните услуги), каде што го има и формуларот за пројавување на интерес. 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе