На Националната конференција

МТСП доби награда ,,Поддржувач на годината’’ во борбата против хомофобија, бифобија и трансфобија

Министерството за труд и социјална политика оваа година ја доби наградата „Поддржувач на годината" од страна на Субверзивен фронт, во рамките на Националната конференција „Како до интегриран пристап до услуги на здравствена и социјална заштита за ЛГБТИ луѓе".

Министерството за труд и социјална политика оваа година ја доби наградата „Поддржувач на годината" од страна на Субверзивен фронт, во рамките на Националната конференција „Како до интегриран пристап до услуги на здравствена и социјална заштита за ЛГБТИ луѓе".

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се заблагодари за наградата и истакна дека МТСП работи на целосна реформа на системот на социјална заштита кој ќе ги подобри услугите и ќе овозможи еднаков пристап до нив, без никаква дискриминација.

На конференцијата се констатира дека се' уште се потребни значителни напори за спротивставување на нетолеранцијата кон ЛГБТИ заедницата. Во таа насока се менува Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Сексуалната ориентација и родов идентитет се вметнати како посебни основи за дискриминација, нешто што беше избегнато во Законот донесен во 2010 година. Исто така, планирано е носење и на Стратегија за надминување на хомофобијата и трансфобијата.

Конференцијата се одржува по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија.

 

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе