Седница на синодот

МПЦ-ОА: СПЦ покажува хегемонистички аспирации и националистички претензии кон Македонија

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиеископија (МПЦ-ОА) во соопштение оценува дека Предлог-текстот за промена на Уставот на Српската православна црква (СПЦ) содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија, како и грубо мешање во јурисдикцијата на МПЦ-ОА.

„Со ова, СПЦ покажува своевиден анахронизам, контрадиктторност и непринципиелност кон своите сопствени одлуки: САС на СПЦ бр. 1744/ зап. 343 од 26 јуни 1959 година, чл. 165 точка 6 каде се вели: ‘Со оваа Одлука, престануваат да важат прописите од Уставот на СПЦ, за епархиите и архиереите на територија на НРМ’. Истата Одлука на Синодот е потврдена на Светиот архиерејски собор на СПЦ - АСбр. 47/958 од 17 јуни 1959 година, донесена во Белград. Кој има очи, ќе види и кој има уши, ќе слушне!“, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Светиот синод на МПЦ-ОА, објавено по денешната синодска седница.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе