По најавата од српската црква

МПЦ-ОА ќе мора да се помирува со расколникот Вранишковски ако сака признавање од СПЦ?

Светиот архијерејски собор на Српската православна црква (СПЦ) неделава реши да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Претходно и вселенскиот патријарх Вартоломеј реши да го отвори прашањето за решавање на конечниот статус на македонската црква. Што се подготвува?

Српските архиереите ја истакнаа, како што се наведува во соопштението на СПЦ, и „тешката состојба на автономната Охридска архиепископија во Северна Македонија, каде во моментов нема директен прогон на архиепископот Јован, епископ, клирик, монах и верник“, но, како што посочуваат, „над глава им виси Дамоклов меч на нов судски прогон“.

“Наспроти тоа, српската Црква и натаму, како и досега е за дијалог со тамошната Црква, која веќе со децении е во раскол и за решавање на проблемот на автентична канонска основа“, се наведува во соопштението на Соборот на СПЦ.

Според некои неофицијални информации од високи извори од Белград, условот на СПЦ ќе биде прво признавање и присоединување на Православната охридска архиепископија (ПОА) на расчинетиот владика Јован Вранишковски, па признавање на МПЦ-ОА и ПОА. Откако ќе се реши тоа соединување на ПОА со МПЦ-ОА, дури тогаш би можело да се решава за автокефалност на МПЦ. Ова се сѐ уште само неофицијални информации за тоа со што би можеле да бидат условени владиците на МПЦ-ОА.

Од СПЦ појаснуваат дека одлучиле да ги продолжат преговорите, кои никогаш и не биле прекинати, туку биле само привремено стопирани поради затворскиот прогон кон Јован Вранишковски, расчинетиот владика и поглавар на непризнатата ПОА.

Можно е продолжувањето на разговорите да се водат помеѓу СПЦ, ПОА и МПЦ-ОА.

За Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА Вранишковски е расколник. Тој како владика на МПЦ-ОА се залагаше за припојување на МПЦ кон СПЦ. Тој беше осуден за проневера со донации кои ги сторил како владика на Повардарската епархија. По отслужувањето на затврорската казна Вранишковски и неговите следбеници ја формираа ПОА, а потоа тој стана и владика на СПЦ. ПОА денес е под закрила на српската црква.

Синодот на МПЦ-ОА сè уште не заседавал на оваа тема.

Томосот за автокефалност го дава Вселенската патријаршија. За тоа да биде сторено постојат три опции. Првата е Вселенската патријаршија сама да одлучи и да го издаде томос за автокефалност за МПЦ. Втората, томосот за автокефалност да биде даден само под услов МПЦ и СПЦ да ги одмрзнат заладените односи. И третата опција е Вселенската патријаршија да побара согласност од СПЦ за да издаде томос за автокефалност на МПЦ.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе