Брисел

Можната нова политичка криза го носи Хан во Скопје

По последните случувања во земјава за наредната недела е најавено доаѓањето на Јоханес Хан во Скопје. Еврокомесарот за проширување доаѓа поради можната нова политичка криза во Македонија.

Денешното најавено неучество на опозицијата на лидерската средба, случувањата околу СЈО и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, аферите за злоупотреби на владини службеници, појавата на нови „бомби“ во јавноста... се знак за Брисел за поблизок увид во ситуацијата.

Предвидено е Хан во Скопје да има средби со Зоран Заев, со Али Ахмети и со Христијан Мицкоски. Брисел веќе побара продолжување на работата на Специјалното јавно обвинителство и целосно расчистување на скандалот со рекетирањето на бизнисмени и злоупотребата на телефонски разговори.

Од Скопје, на 25 и 26 јули, Хан во Белград ќе има средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ .

„Комесарот Хан во Белград ќе се состане со претседателот и премиерката на Србија, со кои ќе разговара околу реформите што ги спроведува Србија на патот кон ЕУ, како и за регионалните прашања“, изјавил портпаролот на ЕУ за агенцијата Танјуг.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе