Ништо ново од Софија

Можната нова бугарска владина коалиција не ја менува позицијата кон Македонија

Декларацијата на Народното собрание на Бугарија за односите со Македонија останува да биде дел од позицијата на можната нова бугарска владина коалиција составена од четири партии. Наспроти оваа вчера договорена позиција на оваа коалиција, денеска шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави дека очекува во наредните денови да има конкретни чекори на размена на предлози со Софија.

Бугарија ќе ја задржи единствената позиција кон Македонија. Нам ни е важно да го задржиме добронамерниот тон на преговорите и да ги задржиме сите досегашни елементи на преговарачката позиција на Бугарија, заклучија по вчерашната јавна расправа четирите потенцијални коалициски партнери во Бугарија - Продолжуваме со промените, бугарските социјалисти, Има таков народ и Демократска Бугарија.

Тие се договорија дека Софија ја задржува својата досегашна позиција, а доколку има промени, тие ќе подлежат на долга и широка дебата.

„Нам ни е важно да го задржиме добронамерниот тон на преговорите и да ги задржиме сите досегашни елементи на преговарачката позиција на Бугарија, а тие елементи се и петте барања во декларацијата на Народното собрание, кои можат да послужат за активизација на дијалогот со Македонија“, изјави Даниел Лорер од Продолжуваме со промената.

Тој најави брзо формирање на билатерални комисии, а постоечката Комисија за историја да се среќава најмалку еднаш во месецот. Сите претставници на партиите од новата коалиција изјавија дека Македонија треба да ги гарантираат правата на граѓаните кои се самоидентификуваат како Бугари, да запре говорот на омраза и да се прочистат спорените формулации во учебниците. Тие заклучија дека треба да се опстои на националните интереси на Бугарија без правење компромиси во однос на историските прашања, заснована на документи и факти.

СДСМ е подготвен да отстапи дел од ресорите за влез на Алтернатива во владата

СДСМ е подготвено да го подели владиниот колач со Алтернатива. Откако од партијата на Гаши, беа децидни дека ќе влезат во Владата доколку како што велат - коалиционите партии од владејачкото мнозинство се откажат од дел од моќта.

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи смета дека 14 дена се сосема доволни врз основа на тоа што сме го сработиле досега.

„Самата најава за формирање политичка Влада во Софија значително ќе го олесни процесот. Ние комуникациата не ја прекинавме и со техничката Влада. Уште работиме со надеж за декември, да се фати тој рок иако и после 14-ти декември словенечкото претседателство има право да свика вонреден состанок на министрите за Европа да ја донесе одлуката било кој ден до 31 декември или пак во првите недели во јануари француското претседателство исто така не е врзано со конректен формален состанок на министри за надворешни работи на ЕУ“, појасни Османи.

Во октомври 2019 во бугарскиот парламент беше усвоена Декларација во која Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што беше потпишан од премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август 2017 година. Во текстот, исто така се наведува дека Бугарија „се залага за прифаќање на историската вистина за заедничка историја што ја споделуваат двете држави и народи“.

Во Декларацијата се бара „строго придржување до членот 8 од Договорот дека „објективните, автентични, историски извори се засновани на докази за научно толкување на историски настани“, воздржување од дејствата со кои што се поддржуваат и поттикнуваат тврдењата за признавање на таканареченото македонско малцинство во Бугарија, вклучувајќи и во меѓународни организации, рехабилитација на жртвите репресирани поради бугарска самосвест, строго придржување до клаузулата во врска со официјалниот јазик на Република Северна Македонија, утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји, реставрација и одржување на бугарски воени гробишта и споменици на територијата на Република Северна Македонија...

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе