Примопредавање

Можело и така, новите градоначалници во неколку општини добија поддршка од нивните претходници

Во неколку општини во Македонија веќе завршија примопредавањата на градоначалничките фунцкии со честитки и желби за уште поголем успех. Невообичаено, ама вистинито. Новите градоначалници на Охрид, Пехчево, Ресен, Дебарца, Велес, Куманово... веќе ја преземаа функцијата ракувајќи се со нивните претходници, довчерашни лути политички противници. Нешто што ретко се гледа на македонската политичка сцена.

Во Битола не беше така. Оваа општина по трите мандати на Владимир Талевски од ВМРО-ДПМНЕ, доби градоначалничка. Наташа Петровска го прими решението од Општинската изборна комисија. Уверенијата ги подигнаа и советниците од мнозинството предводено од СДСМ, советниците од независната листа „Поинаку” и од ДУИ со коалицијата. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на свеченоста да ги подигнат своите уверенија.

Но, не беше така во некои други општини.

Охрид

Во Охрид поранешниот и сегашниот градоначалник си подадоа рака. Досегашниот градоначалник Никола Бакрачевски од ВМРО-ДПМНЕ на својот наследник Јован Стојановски од СДСМ му посака успешна реализација на безброј проекти корисни за граѓаните на Охрид и успешно спарвување со предизвиците на овој град. „Секој нареден градоначалник да биде поуспешен од претходникот. Тоа ќе биде една потврда за прогрес и просперитет на градот Охрид, а секако и на граѓаните коишто живеат во градот. Не се сомневам дека тој е личност која ќе знае како да ги менаџира проблемите и предизвиците на градот Охрид и знам дека ќе испорача многу проекти за доброто на охриѓани и градот”, рече Бакрачески.

Велес

Аце Коцевски од СДСМ и коалицијата влезе во општинскиот кабинет. Славчо Чадиев, од ВМРО-ДПМНЕ - си замина.

„Благодарам на довербата на моите сограѓанки и сограѓани и се надевам дека на крајот од мандатот ќе бидат задоволни од тоа што нивниот глас го дале за мене“, рече на свеченоста на примопредавањето Аце Коцевски, новиот градоначалник на Велес.

„Изборите завршија, граѓаните го кажаа своето, јас му честитам на господинот Аце Коцевски за изборот на градоначалник. Продолжи таму каде што јас запрев. Оставам Општина што е отворено градилиште, со позитивно салдо и изградени капацитети“, рече Славчо Чаидев, досегашниот градоначалник на Велес.

По доделувањето на уверенија на сите 23 советници, Коцевски и Чадиев во градоначалничкиот кабинет извршија примопредавање на функцијата.

Ресен

Во пријателска атмосфера се изврши примопредавањето на градоначалничката функција и во општина Ресен.

Живко Гошаревски од СДСМ ја презеде функцијата од противкандидатот, досегашниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Ѓоко Стрезовски.

Куманово

Максим Димитриевски е новиот градоначалник на општина Куманово. Тој, по примопредавањето го испрати неговиот птретходник Зоран Дамјановски, до вратата на општинската зграда.  

Димитриевски очекува дека со реализација на планираните проекти, Куманово ќе добие урбан лик. За изборите рече дека поминале во скандинавски стил.

Дамјановски изјави дека се надева оти 2018 година ќе биде многу продуктивна и дека Куманово ќе биде многу поинаков град од оние искушенија кои ги имаше претходно.

Пехчево

Досегашниот градоначалник Игор Поповски од ВМРО-ДПМНЕ му ја честиташе на Драги Тренчовски од СДСМ победата на локалните избори.

„Се заблагодарувам на соработката на тимот од општина Пехчево кој изминатиов период работеше со мене на реализација на многу проекти во општина Пехчево. Би сакал да се заблагодарам на сите гласачи кои ме поддржаа на овие избори и, секако сакам да му честитам на новиот градоначалник и да му посакам да продолжи да работи како што работевме, но и подобро, бидејќи целта на сите градоначалници е да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во општината“, истакна Поповски.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе