Пролетно прочистување

Мотивација за Владата - „златна метла“ (ФОТО)

Единицата за брзи артивистички акции си постави за цел да ја мотивира Владата да се фати за најавената метла и да почне од сопствениот двор. Како? Со Златна метла.

 

Метлата не е обична, туку златна, зашто тоа е единица мерка за (нечие) богатство, симбол за човечката лакомост, но реално со златна метла, многу полесно се работи. За разлика од обичната метла, оваа предизвикува прекрасни чувства додека се користи, без разлика дали се користи за хигиенско чистење, ментално (про)чистување или пак кадровско чистење. Златната метла е решение за сите општествени проблеми.

Единицата за брзи артивистички акции, со оваа златна метла, сака да го потсети премиерот на мудроста: што можеш да завршиш денеска, не оставај за утре! 

Златни метли не подаривме само на Владата, туку и на град Скопје, скопските општини, министерствата, Собранието, Јавното обвинителство... а една златната метла, стана и споменик во чест на херојската акција да се исчисти корупцијата и да се живее во здрава средина и хармонија со законите на државата.

Очекуваме метлата да почне да „игра“. Друго е ова, ЗЛАТНА е!

Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од фондацијата Отворено општество – Македонија.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе