Претседателски избори 2019

МОСТ со први коментари: Гласачките места се отворени навремено и нема проблеми

Граѓанската асоцијација МОСТ која денешните избори ги следи со над 1.500 набљудувачи излезе со прв коментар за гласањето. Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов, рече според информациите на асоцијацијата, сите гласачки места се отворени навремено и без проблеми.

Според Алексов, во гласачко место во село Рич било прекинато гласањето во времетраење од околу 50 минути, поради прекин на работата на УВ-ламбите.

„Нашиот систем е составен од неколку нивоа на проверка, во текот на целиот ден ќе излагаме со проверени и потврдени информации”, изјави тој.

Според информациите на МОСТ, на едно од гласачките места во село Прибилци е забележан графит со навредлива содржина, што бил исцртан минатата ноќ.

На првата прес-конференција на МОСТ, исто така беше кажано дека се доценло со отворање на гласачкото место 2344 во скопско Студеничани, бидејќи лицето кое имало клуч од просторијата одбивало да ја отклучи.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе