Претседателски избори 2019

МОСТ: Одѕивот на гласачите до 10 часот изнесува 6,6 проценти

Одѕивот на гласачите до 10 часот, според информациите на набљудувачите на МОСТ, изнесува 6,6 проценти, а неправилности се забележани во Студеничани и селото Здуње, Гостиварско.

„Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачкото место 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова ГМ денеска нема да се спроведува гласање и на ГМ 0531, во село Здуње, Општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачки ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање. Известена била Општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило“, беше соопштено на прес-конференција.

Од МОСТ ги демантираа информациите што се појавија во медиумите дека на првата прес-конференција одржана во 9:00 часот било известено за прекин на гласање поради неработење на УВ ламба и за графит со политичка содржина. На првата прес-конференција МОСТ извести само за гласачкото место 2344 во Општина Студеничани.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе